Воќаркооп комерц располага со свој деловен простор: канцеларии 200 m2 во центарот на Скопје и свој магацински простор од 2.500 m2 покриен дел и дворно место од 4.000 m2 во централното градско подрачје во населбата Автокоманда.
Магацинскиот простор претставува дистрибутивен центар во кој се сместени повеќе трговски претпријатија кои го снабдуваат македонскиот пазар со прехрамбени производи.