ВОЌАРКООП КОМЕРЦ експорт-импорт д.о.о. Скопје е средно претпријатие основано 1992 година, како претпријатие во приватна сопственост. Претпријатието работи успешно од своето основање.
Претпријатието работи успешно од своето оснивање. Традицијата, успешноста и просперитетот на пазарот се должат на искуството и долгогодишната работа на менаџерскиот тим и на квалитетот на производите и услугите што ги дава ова претпријатие.
Низ историјата на претпријатието голем придонес за развојот имал господинот Павле Ристов, кој бил директор на ова претпријатие од самото оснивање. Во текот на тој период внесени се карактеристични новини во работењето на претпријатието, со што му даде големо значење на позитивното, професионалното и доследното завршување на работите.
Основна дејност на претпријатието е преработка на овошје и зеленчук и извоз на истите, како и продажба на фптпкопирна хартија и конфекционирање на трмална хартија во ролни за фискални принтери, ролни за бакомати, паркинг системи. Исто така претпријатието е увозник на разни репроматеријали за прехрамбената индустрија на Република Македонија.
Воќаркооп комерц располага со свој деловен простор: канцеларии 200m2 во центарот на Скопје и свој магацински простор од 2.500 m2 покриен дел и дворно место од 4.000 m2 во централното градско подрачје во населбата Автокоманда.